Манчестер Јунајтед подготвува летна „чистка“, трансфер листата од 12 играчи е веќе подготвена

Шесто место и 24 бодови минус од првото место на табелата, сигурно не е причина за задоволство во тимот на Манчестер Јунајтед. Освен тоа клубот го загуби финалето во Карабао Купот, а испадна и од Лигата на шампионите. Единствено му остана надеж ФА Купот каде што е во финалето со Манчестер Сити.

Нов мнозински сопственик на клубот, Сер Џим Ретклиф е голем навивач на клубот, и сака да ја смени ситуацијата на подобра. Со тоа е донесена одлука, дури 12 играчи по завршувањето на сезоната да се најдат на трансфер листа.

На листата се наоѓаат звучни имиња кои имаат големи плати. Тоа се:

Арон Ван Бисака
Виктор Линделоф
Хари Мегваер
Рафаел Варан
Касемиро
Кристијан Ериксен
Ентони
Дони ван де Бек
Џејдон Санчо
Софијан Амрабат
Ентони Марсијал
Маркус Рашфорд

Се вчитува...