Конте се враќа во Италија – го презема Наполи

од Vladimir Zorba

Враќање во италијанскиот фудбал по три години – Антонио Конте од следната сезона ќе биде тренер на Наполи, пишува РАИ.

Сите детали се договорени и Конте ќе потпише договор со поранешниот шампион на Италија на три години, вреден 6,5 милиони евра по сезона.

Покрај Конте, кандидати за тренер на наполитанците беа Стефано Пиоли и Винченцо Италијано.

Последниот ангажман на Конте во Италија беше на клупата на Интер, со кој ја освои титулата во 2021 година.

По Интер, тој раководеше со Тотенхем, со кој се раздели во март минатата година.

Наполи оваа сезона смени тројца тренери, тимот го предводеа Руди Гарсија, Валтер Мацари и Франческо Калкона, а по 33 кола тимот се наоѓа на осмото место на табелата со 49 бодови.

Слични содржини