ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ во преговори за ресори?! Ибрахими: Побаравме сектори за борба против корупцијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Иако парламентарните избори ќе се одржат на 8 мај и се уште ниту една партија не знае колку мандати ќе добие, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВРЕДИ почнале преговори за ресорите во Владата. Ова во Клик Плус го потврди Зеќирија Ибрахими од коалицијата ВРЕДИ, велејќи дека нема да дозволат Влада која нема да ги спроведе уставните измени, но тоа, како што додава, ќе се случи по формирањето на Владата.

Ибрахими: Концептуално разговаравме со ВМРО кои ресори не интересираат нас. Гледајќи ги големите забелешки на комисијата, ВРЕДИ.
ТВ21: Кој разговарал со ВМРО? Одиме еден по еден.
Ибрахиим: Коалициските лидери. Говореше господинот Гаши. Сите зборуваа. Г. Таравари. Сите зборуваа. Г. Меџити, г. Ќоку. Сите заедно. ТВ21: Значи сите разговаравте со Мицкоски или со ВМРО.
Ибрахими: Да! И ние побаравме да преземеме одговорност во секторите за борба против корупцијата.

За овие тврдења ТВ21 побара потврда и од ВМРО-ДПМНЕ од каде ја потврдија средбата на Мицкоски со шефовите на ВРЕДИ, но без да споделат детали од средбата.

Во меѓувреме, за Кренар Лога од Европскиот фронт, трката за формирање Влада пред парламентарните избори е срамен сигнал за Албанците да се постројат со македонските политички партии.

„Секоја трка без освоени мандати е најлошиот и најсрамниот сигнал за Албанците да се постројат со македонските политички партии, бидејќи тоа би значело, зошто треба да гласаат Албанците?“, вели Лога.

Лога вели дека ќе се потрудат да освојат што повеќе мандати, за да не може ВМРО да формира Влада без пратениците на Европскиот фронт.