По четврт век поминат во затвор: Поранешниот „кум“ на Камора се согласи да соработува со властите

75

По повеќе од 25 години затвор и одбивање да зборува, еден од главните шефови на италијанската мафијашка организација Камора, Франческо Скијавоне, одлучи да соработува со обвинителството.

Истражните органи се надеваат дека ќе добијат повеќе информации за Камора и нејзината можна поврзаност со италијанската политичка сцена.

Седумдесетгодишниот Скијавоне бил еден од основачите и „кум“ на кланот Камора „Касалези“ во провинцијата Касерта во близина на Неапол.

Од 1998 година, Шјавоне, познат како „Сандокан“, издржува доживотна затворска казна за неколку убиства во строг затвор, резервиран за членови на мафијата и за терористи. Сето ова време, Скијавоне цврсто молчеше за своите активности и за активностите на мафијата.

Пред неколку недели воспоставил контакт со антимафијашките служби.

Двајца од неговите синови соработуваат со властите од 2018 и 2021 година, а уште двајца се во затвор.

Агенцијата Анса објави дека пред само неколку дена полицијата им понудила на неговите роднини да се приклучат на програмата за заштитени сведоци.

Камора е една од најозлогласените мафијашки организации во светот, а нејзиното родно место се јужните италијански провинции Казерта и Неапол.