Вести Македонија Најважни

Јакимовски поднесе кривична против лицата кои го оцрниле неговото име во САД

Кривична пријава против непознат сторител поднесе градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски откако неговото име се најде на „црната листа“ на САД. На Јакимовски, кој е на листата поради вмешаност во значителна корупција и на неговото семејство му е забранет влез во САД.

Јакимовски, кој е претседателскиот кандидат на ГРОМ обвинува за директно мешање во трката и тврди дека најсовесно ја извршувал функцијата градоначалник. Тој се нашол на листата, како што вели, поради луѓе кои се продолжени раце на странските разузнавачки служби со цел да му нанесат штета.

  • „Луѓе кои што се поврзани со странски служби и кои што во континуитет создаваат предуслови за да може да се повикаат на ваква работа дека не реагираат македонските правосудни органи. Ние овие 7, 8 месеци бевме засипани со кривични пријави и да се чудиш кои глупости внатре ги трескаат. Што да им прави обвинителството кога поднесуваат и пишуваат глупости“, рече Јакимовски.

Кој ги поднесувал кривичните пријави и кој се соработниците на странските служби на сакаше да каже, но обвинителството било информирано, а интерес за неговото име да се оцрни имале неговите политички противници.

  • „Интерес имаат политичките противници и на оние што не им одговара Македонија да има политичари кои мислат со своја глава и оние кои што сметаат дека ние треба да има политичари кои без приговори ќе ги прифатат сите нивните одлуки. Нема за ништо да приговараме и постојано како папагали ќе повторуваме дека ние остануваме на европскиот па, колку и тоа да биде штетно по македонските граѓани“, додаде тој.

Законски пречки за Јакимовски да се откаже од претседателската трка нема. Според Изборниот законик, кандидат за претседател може да биде лице кое ги исполнува условите дефинирани со Уставот, да е државјанин на Македонија, да има најмалку 40 години и да е жител на државата најмалку десет години во последните 15 години.

Американската амбасадорка Анџела Агелер по назначувањето на Јакимовски на листата порача дека САД ќе продолжат со именување на функционерите кои се вмешани во значајна корупција, бидејќи народот во земјава заслужува правда и отчетност од институциите задолжени да ја запрат плимата на криминално однесување и да го уништат канцерот на корупцијата.

Во меѓувреме со измените на Кривичниот законик главната расправа по обвинението против Јакимовски треба да почне од почеток. Тој се гони за злоупотреба на службената положба и овластување и за бесправно градење.

Јакимовски е обвинет дека им овозможил на две фирми да се стекнат со градежно земјиште по цена од 438 денари по метар квадратен, иако пазарната вредност била 18 илјади денари.

Воедно отворена е и предистрага против Јакимовски за отуѓување на земјиштето во Карпош 3 кај поранешниот ресторан Имес.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Во послаба позиција од било кој негов претходник – Бајден со историски најнизок рејтинг според анкета на Галуп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе