Видео: Ривалите го „тролаат“ Роналдо со „Меси, Меси…“

Кристијано Роналдо има кошмарен старт на авантурата во Ал Наср, откако португалскиот ас е без гол на првите две одиграни средби. Особено болен беше синоќешниот пораз од Ал Итихад во полуфиналето од Супер-купот, натпреварување на кое Кристијано се надеваше дека ќе го крене првиот трофеј со новито клуб, но остана со празни раце.

Екс-фудбалерот на Манчестер Јунајтед одигра далеку под своите можности, а противничките навивачи едвај го дочекаа крајот за да го тролаат Португалецот извикувајќи „Меси, Меси….“, потсетувајќи го Кристијано кој е најдобриот фудбалер на денешницата.

Се вчитува...