Press "Enter" to skip to content

“Чкембари“ го “запалија“ паркот кај Саатот во чест на загинатите битолчани кај Вејце и упатија апел за помош (видео)

-Црвено – жолти бакли го осветлија паркот и споменикот на бранителите на годишнината од масакрот кај село Вејце во чест на сите херои од Битола кои со животот не бранеле нас и јас бранеле МАКЕДОНИЈА! Наш завет е да ги чуваме од заборавот и да го пренесуваме нивното големо дело на секој човек, напишаа “Чкембари“ Битола и го одбележаа денот на нивното загинување, но и додадоа:

Должни сме и на живите бранители! САШО ЛАЗАРЕВСКИ – БРАДА е командант на битолската чета на лавовите во војната. Потребна е финансиска помош поради сериозно нарушување на неговото здравје. Донирај на броевите: -143 401 (А1), -143 104 (Телеком) или на жиро сметка: 300 070163512 82.