Земајќи ги предвид резултатите од претседателските избори повеќе од извесно е дека ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се врати на власт. Потпретседателот на партијата, Александар Николоски во гостување на емисијата „Политиканти“ вели дека првите резултати може да се очекуваат по шест месеци.

Јас не случајно велам дека првите резултати од средување на државата можат да се видат за шест до девет месеци. Можат и ќе се видат, убеден сум дека ќе се види разлика, вели тој.

Николоски потсетува дека и Зоран Заев правел големи притисоци во судството. Вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прави притисоци по промената на власта, бидејќи сепак, како што вели има голем број чесни луѓе таму.

Најголем дел кои работат во судството и обвинителството се чесни луѓе. Ако се ослободат ќе работат. Не гледам дека таму има мнозинство корумпирани. Кога ќе разговарате неформално сите знаат кои се лошите структури таму.

Николоски за време на ова гостување потенцираше дека основна цел на ВМРО-ДПМНЕ е ДУИ да премине во опозиција.

Николоски: Број еден приоритет ни е борба против криминалот и корупцијата

Тој вели дека судирот со ДУИ кој го имаат е бидејќи како партија се решени да одат против организираниот криминал и корупцијата.