МВР: Кривична пријава за полицаец осомничен за семејно насилство

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против полицискиот службеник М.К. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста при вршење на семејно насилство“ од Кривичниот законик, а Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР заради постапување спротивно од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина од Колективниот договор на МВР и изрече задолжителни мерки одземање на оружјето.

Имено, на 31.1.2024 во Прилеп, пријавениот М.К. агресивно се однесувал кон неговата поранешна сопруга, ја влечел за раката и ѝ упатил закани.

Би можело да ве интересира

Поведена постапка за загрозување на сигурноста во Велес, осум дена притвор за осомничениот

Предраг Петровиќ

Скопјанка била истепана од сопругот и од нејзиниот свекор

Уапсени се двајца неготинци за напад врз малолетна ќерка и сестра

Скопјанец со тврд предмет си го истепал 76-годишниот татко

Во скопско Визбегово татко ги нападнал своите синови

Тетовец ја затворил снаата во куќа и повеќе пати ја тепал