Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Ниту еден ден без порција салата од марула! Еве зошто

Објавено

на

Марулата е вистински извор на витамини, природно средство за зајакнување на имунитетот и добра заштита од разни болести. Се препорачува да се јаде што почесто, особено по зимата, кога многу луѓе страдаат од недостаток на витамини. Содржи околу 4% вода, 2,5 отсто јаглехидратите, протеини околу 1,2 и масти околу 0,2 отсто.

Марулата содржи витамини А и Ц, а од минерали има железо, калциум, цинк, бакар, магнезиум и фосфор. Богата е и со витамини Б1, Б2, Б6, кои се неопходни за размена на материи и нервна функција.

Има малку калории и масти

Една мала чинија марула содржи само 12 калории, па затоа е одличен додаток за секој оброк, но може да послужи и како здрава ужина. Исто така, ако изедете порција зелена салата на почетокот од оброкот, ќе го наполните стомакот, па ќе јадете помалку од главното јадење, што поволно влијае на килограмите за оние кои сакаат да ослабат. Освен што ќе ве засити, ќе го подобри и варењето. Исто така, влакната помагаат во исфрлањето на вишокот сол од телото и влијаат на чувството на ситост.

Го штити срцето

Витаминот Ц и бета-каротенот од марулата салата заедно ја спречуваат оксидацијата на холестеролот, па затоа се смета за една од намирниците кои го штитат здравјето на срцето.

Содржи омега-3 масни киселини

Марулата има совршен сооднос на омега-3 и омега-6 масни киселини. Бидејќи телото не може самостојно да ги произведе, луѓето мора да земаат специјални, есенцијални масни киселини преку нивната исхрана. Линолеинската киселина (омега-6 масна киселина) и алфа-линоленската киселина (АЛА, омега-3 масна киселина) припаѓаат на овие масни киселини. Тие се особено важни за развојот на мозочните и нервните клетки.

Богата е со протеини

Дури 20 отсто од калориите во зелената салата потекнуваат од протеини, кои се важни за градење и зачувување на мускулите. Имајќи предвид дека е богата со растителни влакна, нема да има негативно влијание на перисталтиката на цревата, што нормално се случува при конзумирање на големи количини на протеинска храна која не содржи доволно влакна.

Обезбедува мирен сон

Марулата ја содржи супстанцијата лактукариум, која има својства слични на опиумот, но без штетни нуспојави. Доколку редовно го консумирате овој зеленчук, по одредено време ќе забележите дека квалитетот на вашиот сон е подобрен.

Одржува оптимално ниво на киселост во телото

Минералите во зелената салата помагаат да се отстранат токсините од телото и да се одржи оптималната рамнотежа на киселоста. Ова е значајно, бидејќи стабилното ниво на киселост му дава на телото енергија и поволно влијае на убавината на кожата.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 8 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 10 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 13 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 14 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 17 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 18 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 19 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 20 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 21 час

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена