Top Sport

Гундоган ги критикуваше соиграчите по испаѓањето од ЛШ

ПСЖ ја запре Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите. По поразот на домашен терен со 2:3, францускиот шампион победи со 4:1 во реваншот во Шпанија и се пласираше меѓу најдобрите четири екипи во натпреварувањето.

Играчот од средниот ред на Барселона, Илкај Гундоган ја коментираше елиминацијата на неговиот тим од елитното европско клупско натпреварување.

Германскиот репрезентативец беше брутално искрен во критиките кон соиграчите.

„Многу сум разочаран. Се беше во наши раце и сето тоа им го предадовме на ПСЖ. И им го предадовме на најлесен можен начин”, изјави Гундоган кој не ги избегна прашањата за грешките на соиграчите.

На прашањето за црвениот картон на Роналдо Араухо, тој рече дека не е сигурен дали Уругваецот требало да биде исклучен, но додаде дека „во клучните моменти од натпреварот треба да бидеш сугурен кога ќе стартуваш на топката. Лично, би пуштил ситуација еден на еден и да му дадам шанса на голманот да се одбрани, па дури и да прими гол“.

Ја критикуваше и одбраната кога Витиња погоди за 1:2.

„”Тоа е уште една грешка, требаше да ја затвориме и да не му дозволиме да шутира. Беше слободен. Не е дека не тренираме такви работи. Тој што е најблиску треба да реагира“, рече за акцијата во која Роберт Левандовски задоцни да блокира.

За прекршокот за пенал кој го направи Жоао Кансело. Гундоган рече: „грешка во момент на минимална закана“.

Scroll to Top