Шпанија е загрижена поради германскиот бојкот на нивните јагоди

јагоди

Конфликтот околу употребата на водата во шпанскиот земјоделски сектор погоден од суша ризикува да го поткопа извозот на јагоди, еден од најпрепознатливите извози на Шпанија во европските супермаркети, пишува денеска „Фајненшл тајмс“. Шпанската социјалистичка министерка за животна средина Тереза Рибера рече дека некои земјоделци се соочуваат со „вистински ризик за репутацијата“, додека германската активистичка група „Кампакт“ води кампања за бојкот на „јагодите од суша“.

Коренот на спорот лежи во законот предложен од конзервативната влада на шпанската област Андалузија, за кој критичарите велат дека ќе легализираат 1.000 нелегални бунари што ги користат земјоделците и би можел да го исцеди едно од најважните европски мочуришта, Доњана.

Недостигот на вода е сè покритичен проблем за Европа, каде што температурите се зголемуваат побрзо од кој било друг континент, како и тензиите меѓу различни корисници на вода и барањата за заштита на животната средина.

Предлогот ја поттикна германската левичарска групација Кампакт да ги повика големите синџири на супермаркети, како што се Лидл и Алди, да престанат да купуваат производи што се одгледуваат околу Доњана, дел од провинцијата Хуелва во Андалузија, која произведува бобинки.

Германска група тврди дека Шпанија ризикува катастрофа за да одгледува евтини јагоди за германските потрошувачи, а петицијата што ја започна преку Интернет ја потпишаа околу 160.000 луѓе. По Германија, која лани увезла шпански јагоди во вредност од 196 милиони евра, најголеми извозни пазари од тој сектор се Велика Британија, Франција и Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот