Сончево и топло со мала до умерена облачност

Новата седмите во Македонија ќе започне со сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, попладне наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Утринсите температури се движат од 5 до 12, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот од 21 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност, со температура до 28 степени.  Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.