Нов договор за Поповски во Швајцарија

Македонскиот интернационалец Мартин Поповски (29) потпиша нов двегодишен договор со екипата на Амицитија Цирих и ќе остане таму најмалку до летото 2025/2026.
Поповски игра на позицијата десно крило, игра во два правца и е повремен македонски репрезентативец. Тој во на 19 годишна возраст дојде во Вардар Јуниор, потоа се пресели и во првиот тим на Вардар, а во 2019 замина во тимот на Тинекс Пролет.
Оттаму отиде во Амицитија и таму се пронајде во играта и системот што му донесе и нов договор со швајцарскиот клуб.

„Среќен сум што го продолживме договорот. Во последните години успеавме да се етаблираме меѓу најдобрите четири клубови во Швајцарија. Се надевам и верувам дека ќе продолжиме со позитивниот раст и во иднина ќе ги целиме кон водечките позиции“, изјави Поповски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО