Баварците гневни на помошникот на Марчинијак – Не сочека ВАР, туку им ја прекина акцијата во која постигнаа гол (ВИДЕО)

Реал Мадрид ќе игра во финалето од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, откако вечерва во трилер меч славеа на домашен терен против Баерн Минхен со 2-1.

Со блиц-криг и двата гола во финишот на Хоселу „кралевите“ успеаја да стигнат до ново финале, но дефинитивно во прв план во финишот беше и помошникот на главниот судија Симон Марчинијак.

Имено, Де Лихт погоди во 104. минута, но помошникот судија на стартот на акцијата го дигна знаменцето за офсајд по што Марчинијак веднаш досуди офсајд, без да дозволи акцијата да заврши па доколку подоцна има потреба да биде проверено се со ВАР.

Bayern Munich disallowed goal against Real Madrid 90+13′
byu/PSGAcademy insoccer

Се вчитува...