Како што пренесуваат светските медиуми, федералните обвинители против Рут, кој се обидел да отвори оган кон Трамп додека тој играл голф, поднеле обвиненија поврзани со нелегално поседување оружје и поседување оружје со избришан сериски број, јавува Асошиејтед прес (АП)
Рајан Весли Рут кој вчера беше уапсен на Флорида, во случај за кој има индиции дека бил обид за атентат на поранешниот претседател на САД и актуелен републикански кандидат за нов мандат во Белата куќа, Доналд Трамп и официјално е обвинет.

Како што пренесуваат светските медиуми, федералните обвинители против Рут, кој се обидел да отвори оган кон Трамп додека тој играл голф, поднеле обвинение поврзано со нелегално поседување оружје и поседување оружје со избришан сериски број, јавува Асошиејтед прес (АП).
Рут денеска за прв пат беше изведен пред федерален суд, а сослушувањето, како што пренесува АП, траело осум минути.
Доколку биде осуден, тој се соочува со затворска казна од 15 години за првото и до пет години затвор за втората точка од обвинението.
Дека Рут бил во близина на голф теренот во време кога и Трамп бил таму, покажуваат податоците на специјалните агенти обезбеди од телекомуникциските опратори. Според овие белешки, тој се наоѓа во близина на областа, покрај дрворед од 1:59 часот до речиси 13:31 часот според локално време на 15 септември 2024 година.
На местото бил пронајден и автомобил што тој го користел и на кој бил со украдени регистрарски таблички, соопштиле од ФБИ.
Во пријавата на специјалниот агент на Федералното истражно биро, исто така, се наведува дека Рут бил осуден во 2002 година во Северна Каролина поради поседување на автоматски пушки, бомби, гранати и мини.
Шерифот на округот Мартин во Флорида, Вилијам Снајден во разговор за Си-ен-ен изјавил дека кога неговите заменици го уапсиле Рут тој бил толку смирен што се запрашале дали го фатиле вистинскиот човек.
„Беше збунувачки. Знаете, во тоа време не бевме сигурни дека го имаме осомничениот. Го имавме возилото. Мислевме дека го имаме. Но, неговиот израз на лицето беше толку мирен. Неговото однесување беше опуштено. Јас искрено мислев дека личи на некој што штотуку излегол од црковен пикник и се враќа дома. Знаете, тимот на SWAT ги извади пушките, хеликоптерот, кучето трагач. Сè беше таму. И тој беше само мирен како – навистина како да одеше на вечера“,
изјавил Снајдер.
Од канцеларијата на шерифот денеска беше објавена и видео снимка од камера што како дел својата опрема ја носел еден од полицајците, каде се гледа моментот од апсењето на Рут.
Footage of the suspect in the apparent assassination attempt near Trump International Golf Course has been released by the Martin County Sheriff’s Office. https://t.co/We0i5VXZZc pic.twitter.com/C6mTH3EFHp
— NBC Bay Area (@nbcbayarea) September 16, 2024
За случајот денеска свој коментар даде и актуелниот претседател на САД, ЏО Бајден, кој рече дека на Тајната служба и се потребни повеќе ресурси.
„На службата и треба повеќе помош. Конгресот треба да одговори на нивните потреби. Тие можат да одлучат дали им треба повеќе персонал или не. Фала му на Бога што претседателот (Трамп) е добро“,
рекол Бајден во изјава за медиумите додека заминувак од Белата куќа кон Велмингтон, Делавер.