Боки 13 поднесе неколку кривични пријави против високи функционаери на СДСМ

Боки 13 поднесе неколку кривични пријави против високи функционаери на СДСМ

Ислам Абази и Бојан Јовановски  се поздравија откако Боки 13 поднесе кривични пријави против претходничката Вилма Русковска, експремиерот Зоран Заев, сите поранешни генерални секретари на СДСМ меѓу кои и Оливер Спасовски. Изборни нерегуларности и измами, незаконско финансирање на политичка партија, злоупотреба на јавни набавки и средства се само дел од кривичните дела кои според Боки 13 ги сториле посочените во пријавите.

  • Именувани директори, лица кои вршеле јавни функции, судии и обвинители, ексфункционери – сите беа дел од кривично-правната операција Бумеранг. Имавме прв распит пред предметен надлежен обвинител. Се работи за кривични дела за изборни нерегуларности и измами, незаконско финансирање на политичка партија, злоупотреба на јавни набавки и средства. Станува збор за повеќе дела за кои се поднесени кривични пријави“, рече Јовановски.

Јавна тајна во Македонија бил криминалот за кој Јовановски предал докази во Обвинителството на Абази. Боки 13 е уверен дека пријавите ќе резултираат со судски предмети и сите ќе одговараат. Тука ја посочи и екс-обвинителката Русковска која според него ја злоупотребила службената положба и примала поткуп.

  • „Мислам дека ќе произлезат предмети каде лицата од СДСМ ќе одговараат. Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службена положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е скоро во секоја пријава“, додаде Јовановски.

Јовановски тврди и дека Вилма Русковска знаела колку години ќе добијат осудените за 27-ми април, уште пред Добрила Кацарска да ја објави пресудата. Екс-шефицата во изјава за Алфа ги демантираше таквите тврдења на Боки 13, велејќи дека не ја знаела пресудата, а истата ја гледала онлајн, бидејќи била на патување во странство. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )