Бизнис
НИКОЛОСКИ: АВТОПАТОТ КОН БЛАЦЕ ЧИНИ ПРЕСКАПО КАКО И ТУНЕЛИТЕ НА ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА, за планиската траса за автопатот кон Блаце потребни се 20 милиони евра по километар
29.08.2024
Членовите од Министерството за транспорт и врски и од Македонски железници Инфраструктура се повлекле од евалуациската комисија за избор на изведувач на третата фаза од пругата кон Бугарија, изјави министерот за транспорт Александар Николоски.
- Требаше да се избере компанија која за 500 милиони евра треба да ја доврши пругата до Бугарија. Речиси сите добиени понуди (вкупно седум) пристигнале од несериозни изведувачи. Од друга страна, изградбата на пругата би продолжила кога Бугарија би го третирала проектот „Коридор 8“ како заеднички, изјави Николоски, на денешната прес-конференција.
Министерот за транспорт Александар Николоски денеска како одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата рече дека изградбата на автопатот кон границата со Косово, односно кон граничниот премин Блаце ќе се ревидира, затоа што проекциите на претходното раководство на Јавното претпријатие „Државни патишта“ велат дека тој ќе чини 240 милиони евра.
- Станува збор за одбрана нова планинска траса од 12 километри, од кои шест километри се тунели. Вредноста е 240 милиони евра, 20 милиони по километар. Се прави ревизија со „Државни патишта“ да видиме дали е изводлив овој проект, да видиме дали сепак би можеле да ја користиме постојната траса, рече Николоски.
Тој дополни дека средствата од кредиторот ЕБОР не се доволни за да се изгради автопатот по оваа цена.
фото freepic