Постојано ви студи? Не ги игнорирајте знаците кои телото ви ги испраќа – ова се можните причини

Точка

23/11/2022

09:55

9.737

Големина на фонт

а а а

Има луѓе кои постојано се жалат дека им студи иако на сите покрај нив им е топло.

Прстите на рацете им е секогаш студени, а некои од нив ќе ви признаат дека спијат со чорапи без разлика дали е лето или зима и дека зимно време не можат да заспијат без грејно тело.

Обично за нив велиме дека се зиморливи, но би требало да го проверат своето здравје. Постојат неколку ставки кои би требало да се проверат бидејќи ваквата состојба може да укажува на дијабетес, анемија, но и други заболувања.

Анемија

Ниското ниво на железо во крвта е најчестата причина за хронично чувство на студ. Железото е клучен минерал кој им помага на црвените крвни зрнца да го пренесат кислородот низ телото и другите хранливи состојки во секоја клетка од организмот. Ако го нема во доволна количина, вие ќе се чувствувате уморно, ќе имате вртоглавици, а вашиот лекар ќе ви препише соодветна терапија која веројатно ќе вклучува промени во исхраната и земање суплементи богати со железо.


Лоша циркулација

Студените раце и нозе можат да укажуваат и на лоша циркулација. Тоа значи дека поради одреден проблем во крвотокот, крвта не доаѓа до екстремитетите. Ако сте пушач, многу е можно тоа да е причината за „блокада“ на крвните садови, но не ја одложувајте посетата на кардиолог.

Дијабетес

Чувството на студ е еден од ретките знаци кои укажуваат на дијабетес, но не треба да се игнорира. Дијабетес тип 2 влијае на работата на бубрезите, поточно на панкреасот, кој лачи инсулин во крвотокот, а проблемите со бубрезите можат да предизвикаат анемија.


Хипотиреоза

Еден од симптомите на хипотиреоза, нарушување на работата на штитната жлезда, е токму студот. Доколку покрај тоа што постојано ви студи, имате проблеми и со сува кожа, умор и неправилен срцев ритам, задолжително проверете ги хормоните на штитната жлезда. Ако овој орган, кој го контролира метаболизмот, работи забавено, тоа се одразува и на терморегулацискиот систем, па оттаму и постојаното чувство на студ.

Рејноов синдром

Рејноовиот синдром е нарушување на крвните садови и предизвикува нагло затегнување на ситните крвни садови кои ја пренесуваат крвта во прстите на рацете и нозете.

Најчесто се јавува по престој на студ, а поради слабиот проток на крв се менува и бојата на кожата на прстите од модра до бела, со болка и трнење.



Спонзорирани линкови

Маркетинг