ВИДЕО | Татко си ја избричил брадата по 10 години, урнебесните реакции на неговите деца насмеаја милиони

Таткото на две деца по име Остин Метјус решил да ја избричи брадата по десет години, што предизвикало вистински шок кај неговото семејство.

Имено, Метјус не им кажал на своите деца и сопругата дека има намера да се избричи, што се гледа од нивните реакции. Кога влегол во собата за да го покаже својот нов изглед, неговата шестгодишна ќерка од ужас почнала да вреска и да плаче, а неговиот двегодишен син се обидел да се сокрие.

И сопругата била непријатно изненадена.

„Брадата изгледа е единственото нешто што го поврза ова семејство“, „Поради некоја причина момчето што се крие зад плакарот е уште посмешно од девојката што плаче“, „Децата се толку драматични“, „Брадата беше еден од членовите на ова семејство“, се само дел од стотиците коментари.

Нивните урнебесни реакции им го разубавија денот на многу гледачи, а видеото собра речиси 60 милиони прегледи и 6,3 милиони лајкови.