Нови фајтерски битки во Барселона и Дортмунд

5120 Ал-Аин – Ал-Хилал (18.00 часот)

Ова е прв меч од полуфиналето на азиската Лига на шампиони. Тимот од Обединетите Арапски Емирати во четвртфиналето на драматичен начин после пенали го елиминира Ал-Наср на Кристијано Роналдо, а сега има уште потешка задача против најдобриот и најголем саудиски клуб кој е во неверојатна победничка серија, која е светски рекорд. Ал-Аин, чиј тренер е славниот Аргентинец Ернан Креспо, не блеска во домашната лига, но веројатно се чува за ЛШ и не смее да биде потценет. Проблем за фаворитот Ал-Хилал се повредите на првиот стрелец Митровиќ и на ѕвездата Нејмар, но тие покажаа дека и без нив знаат да бидат ефикасни.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.70)

 

1029 Портсмут – Барнсли (20.45 часот)

Доколку домаќините освојат барем еден бод на овој меч, на „Фратон парк“ ќе има лудо славење, клубот ќе се пласира во англискиот Чемпионшип. Ако Портсмут победи, тогаш ќе го осигури првото место во Лига 1 и како шампион ќе се пресели во ранг погоре. Барнсли е опасен гостин, но двата порази на гостувањата им беа на последните две гостувања. Тимот има серија од три кола по ред без победа, а на табелата се петти и се борат за место во разигрувањето за влез во Чемпионшип. Барнсли е малку поефикасен тим од Портсмут, но Помпеите имаат многу поцврста одбрана.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.87)

 

6001 Б. Дортмунд – Атлетико М. (21.00 часот)

Шпанскиот тим победи со 2-1 на првиот меч, па Борусија ќе мора да даде барем два гола вечерва ако сака пласман во следната рунда од Лигата на шампионите. Тимот од Дортмунд за малку и во Мадрид ќе дадеше втор гол, но стативата ги спречи да имаат поповолен резултат. Атлетико сезонава игра ефикасно, способен е да даде гол на ова тешко гостување. Кај гостите ќе го нема суспендираниот Лино. Интересно е дека овие два тима имаат само по еден нерешен резултат на последните 10 меча коишто ги играа. На своето последно гостување во Дортмунд во есента 2018 година, Атлетико беше разбиен со 4-0.

Предлог тип: Т1 2+ (1.96)

 

6002 Барселона – ПСЖ (21.00 часот)

Барселона е во голема победничка серија, а го совладаа ПСЖ во Париз пред една недела, па Каталонците се фаворити и вечерва на „Монжуик“. Но, Барса сезонава во шпанската лига губеше само кога играше дома. Кај ПСЖ се враќа Хакими, кој не играше на првиот меч, но шансите на Светците за пласман во полуфинале на ЛШ зависат многу од расположението на Мбапе, кој потфрли на првиот меч. Кај Барса суспендирани се Кристенсен, кој даде гол во Париз, и капитенот Сержи Роберто. Последниот пораз на Барселона беше на 27 јануари.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.80)

 

1536 Фамаликао – Спортинг (21.15 часот)

Спортинг Лисабон се бори за титула во Португалија, фаворит е за трофејот, а тоа треба да го потврди и вечерва. Ако Лавовите триумфираат против Фамаликао, ќе имаат големи седум бодови предност пред Бенфика на пет кола до крајот и ќе бидат пред прагот на титулата. Фамаликао е во златната средина, не се бори за ништо освен за продолжување на позитивната серија од четири кола по ред без пораз. Викендов одиграа 2-2 со Порто. Фамаликао е тим дури со 11 ремија сезонава, а Спортинг е најефикасен со 83 погодоци на 28 меча.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.15)

- Оглас -

Најнови вести