Спорт
Заврши регуларниот дел од првенството, КК Гостивар осмопласиран
Со одигрување на натпреварите од 22-то коло кое се одигра викендов, официјално заврши регуларниот дел од сезоната 2023/24 во Првата македонска кошаркарска лига, со што се потврди и конечниот распоред на табелата.
Градските ривали МЗТ Скопје и Работнички со ист број на бодови ја делат првата позиција, поради подобриот скор во меѓусебните дуели „штрковите“ ја зазедоа пол-позицијата која носи предност од домашен терен во понатамошниот тек на доигрувањето.
Екипата на КК Гостивар во оваа конкуренција се најде на осмото место на табелата, со 8 победи (Пелистер, Чаир, Академија ФМП, Кожув, по двапати Охрид и Вардар) и 14 порази, го оствари најлошиот пласман од кога клубот се врати на кошаркарската мапа во Првата лига. „Бело-сините“ имаа регуларен дел од првенството кој што-поскоро треба да се заборави, покрај лошите резултати гостиварци дозволија да се загуби и публиката во Младост, како и силната репутација на клубот која е градена децении наназад.
Но, се ова не мора да биде така! Со натпреварувачкиот модел кој го воведе КФМ од оваа сезона и поделбата на лигата по регуларниот дел на две групи плеј-оф и плеј-аут, КК Гостивар како осмопласиран се најде помеѓу екипите кои ќе разигруваат за титула, па така избраниците на Јорданчо Давитков ќе имаат уште најмалку три натпревари во кои имаат можност да го поправат впечатокот.
Плејофот треба да започне следниот викенд, за првпат ќе се игра до три добиени натпревари, по систем 2 дома – 2 гости – 1 дома, КК Гостивар како осмопласиран за противник во четвртфиналето го има првопласираниот МЗТ Скопје (Пар 1), второпласираниот Работнички ќе се сретне со Феникс 2010 (Пар 2), КК Пелистер ќе разигрува со Еуроникел (Пар 3) како и КК Чаир со ТФТ Скопје (Пар 4).
Во полуфиналето се среќаваат подобрите од (Пар 1) – (Пар 4), односно (Пар 2) – (Пар 3).
Во борбата за опстанок играат Кожув, Академија ФМП, КК Охрид и КК Вардар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот