Полиција пред училиштето „Владислав Рибникар“ поради пријава дека ученик донел нож

Полицијата во моментот е пред училиштето „Владислав Рибникар“ поради пријава дека ученик донел нож на училиште.

Претходно, родителите на убиената Ема Кобиљски, Нина и Драган, сведочеа во Вишиот суд во Белград на судењето на момчето за масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, што се случи на 3 мај.

Драган Кобиљски, познат тренер по одбојка, низ солзи изјави дека за трагичната вест дознал во моментот додека работел како тренер по одбојка во Романија.

„Јас сум татко на застреланата Ема Кобиљски! Дотогаш имавме бајковит живот, никогаш ништо не ни недостигаше“, рече неутешниот Драган Кобиљски на почетокот на своето излагање и додаде дека неговата сопруга Нина тој ден му рекла дека имало пукање во училиштето „Владислав Рибникар“. Потоа објасни како се чувствувал кога дознал, прво, за пукањето, а потоа и за страшната вест.

Текстот Полиција пред училиштето „Владислав Рибникар“ поради пријава дека ученик донел нож е превземен од МАКФАКС.