Верстапен по Мајами ќе преговара со Мерцедес

од Vladimir Zorba

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, ќе се сретне со претставниците на Мерцедес за да разговараат за неговиот потенцијален трансфер во тимот. Најамбициозната цел на Тото Волф е да може да го ангажира Макс за сезоната 2025, но можно е тоа да се случи и во 2026 година.

Информациите доаѓаат од опкружувањето на Макс, бидејќи на средбата ќе присуствуваат тој, неговиот татко Јос Верстапен и менаџерот на пилотот Рејмонд Вермеулен, кој веќе доби важна улога оваа година во дискусијата со Кристијан Хорнер, а на одлучувачката средба тoj беше тој што требаше да ги пренесе барањата на Макс за да остане во тимот.

Се смета дека Волф е подготвен да му понуди на Макс 3-годишен договор вреден вкупно 150 милиони евра плус улога како амбасадор на Мерцедес. 7-кратниот светски шампион Луис Хамилтон доби слична понуда од Мерцедес, но без амбасадорската улога и се верува дека тоа е еден од факторите зад неговата одлука да замине на крајот на оваа година и да потпише со Ферари, од каде ќе вози од почеток на сезоната 2025 година.

Макс има договор со Ред Бул до крајот на 2028 година, но тој и тимот веќе потврдија дека во него има клаузули кои овозможуваат негов предвремен раскин, кои не се поврзани само со настапот на тимот на патеката, туку и до присуството на одредени фигури во тимот – како што е докторот Хелмут Марко, чие задржување во тимот Верстапен го посочи како неопходен услов за да остане.

Слични содржини