Германскиот министер за финансии: Земјата е во криза затоа што Германците премалку работат

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Германската економија не е во пад поради недостаток на инвестиции, туку поради тоа што Германците не работат доволно, рече министерот за финансии Кристијан Линднер на маргините на пролетното заседание на Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон.

„Во Италија, Франција и во другите земји се работи многу повеќе“, рече Линднер.

Тој го препиша тоа на регулативата за скратување на работното време, демографијата и скратеното работно време на работниците, поради тоа што нема кој да им ги чува децата.

„Кога луѓето работат или кога повеќе работат, плаќаат повеќе данок и повлекуваат помалку социјални бенифиции“, изјави Линднер.