Македонија

Утре на Попова Шапка почнува скијачката сезона, ќе работат ски-лифтовите и жичарниците

Од утре, недела 22 јанаури, ќе може да се скија на Попова Шапка, инфомираат од ски-центарот откако изминативе десетина дена наврнаа потребните 30-40 сантиметри снег за да може да се подготват патеките. Ски-лифтовите и жичарниците ќе работат од 8:45 до 15:30 часот, додека работно време на билетарниците е од 8:00 до 16:15 часот.

– Се е подготвено за скијање, со специјалните возила и машини „ратраци“ за обработка и подготување на скијачките терени се оспособија патеките за скијање. Скијачите ќе имаат прилика да ги користат сите четири ски лифтови Поток 1 и Поток 2, Аеродром и ГЕ како и жичарниците Свети Илија, Церипашина и новата шестоседна жичница, изјави Живе Алексовски, извршен директор на ЕЛЕМ Турс.

На Фејсбук профилот на ски центарот се објавени и цените за користење на ски-лифтовите и жичарниците. Има можност за набавка на дневни, полудневни и сезонски билети. 

Препорачуваме:

Димитров во Белград на „Отворен Балкан“

Денеска ќе биде изречена пресудата за случајот „Насилство во Центар“

Почна со работа владиниот кол центар за компаниите и граѓаните – со телефонски повик на 02/324-8040 до сите информации за економските и другите мерки за КОВИД-19

Сузана Мицева