КУРТИ ВОДИ ТАЈНА КАМПАЊА ВО МАКЕДОНИЈА! Вучиќ се извини што нивниот државјанин вака се однесува на меѓународна сцена


Српскиот претседател Александар Вучиќ на седницата на Советот за безбедност на ОН за шестомесечниот извештај за работата на УНМИК во Косово, изјави дека „(косовскиот премиер) Албин Курти не е во Њујорк, туку е зафатен со поткопување на регионалната стабилност бидејќи тој лично ја води кампањата за изборите на неговата партија во Македонија.

– Замислете, најпопуларен политичар во Македонија не е Албин Курти, туку претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој притоа нема никаква кампања во Македонија. Се извинувам како претседател на Србија што нашиот државјанин вака се однесува на меѓународна сцена – рече Вучиќ.
Тој порача дека Србија не се меша во внатрешните работи на Северна Македонија.

– Сакам да им пренесам на луѓето во Македонија дека мешањето во нивните внатрешни работи не е политика на Србија, туку на нашиот неодговорен државјанин Албин Курти – рече Вучиќ

Back to top button
Close