Поврзете се со нас

Шпанија

Бускетс го знае следниот клуб, ја игра последната сезона во Барселона

Објавено

на

Серхио Бутскетс ја игра последната сезона во дресот на Барселона, затоа што веќе прифатил да соработува со клуб од друг континент.

Искусниот шпански репрезентативец веќе потврдил дека ќе стане дел од Интер Мајами и последната етапа во кариерата ќе ја мине во МЛС, – потврди вечерва „Кадена Копе“.

Бускетс одлучил да испроба ново искуство во кариерата, но и приватниот живот, а составот од Флорида ќе добие сериозно засилување во средниот ред.

Претходниот преоден рок во слична улога беше многу помладиот Рики Пуч, кој од Барса се пресели во Л.А Галакси, а во ривалскиот Лос Анџелес ФЦ настапува и Герет Бејл.

Со трансфер во Интер Мајами е поврзуван и Лионел Меси, но тој во последната изјава демантира дека има договор со тимот во чие раководство е Дејвид Бекам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни