Голманот Лунин првпат проговори околу спорниот момент на Ел Класико (Видео)

Украинскиот голман Андриј Лунин, кој сезонава во отсуство на Тибо Куртоа го чува голот на Реал Мадрид, негира дека топката влегла во неговиот гол за време на дербито против Барселона во неделата вечер.

Не ни можеше да се очекува поинаков одговор со оглед на прашината која се крена, а снимките од камерите не можеа да докажат 100 процентно дали топката со целиот свој обем ја минала гол линијата.

Новинари го начекаа Лунин пред тренинг и го прашаа дали спорната топка влезе во гол или не, а тој првпат кажа што мисли на оваа тема. Лунин имаше најдобра позиција за да види дали има гол, и ја извади топката, според фановите на Барса од гол, според оние на Реал од гол-линијата. Судиите не можеа да докажат дали е гол или не.

„За мене, не беше гол“, рече Лунин.

https://twitter.com/i/status/1783128550930788610

- Оглас -

Најнови вести