Search

Зајкова: Законот за родова еднаквост треба да обезбеди едкави можности меѓу мажите и жените

Зборувајќи за Законот за еднакви можности и обврските што произлегуваат за државата од него, претседателката на ЛДП, Моника Зајкова во интервју за Слободен печат изрази жалење што сето тоа не било донесено во претходниот период.

„Мене ми е жал затоа што како Клуб на пратенички во Собранието усвоивме Стратегија за родова еднаквост и меѓу другото предвидено е формирање на еден вид комисија  за родова еднаквост и сето тоа како заклучок се доцни, затоа што секогаш на крајот од денот доминираат политичките реторики. Од она што настана како протести, жалам што таму видов и колешки на тие протести иако претходно сме се согласиле дека тоа ни е приоритет. Сметам дека тој закон значи унапредување на она што е еднаквост меѓу мажите и жените и секако обезбедување на еднакви можности за мажите и жените во општеството“ порача Зајкова.

Таа додаде дека нејзината партија и претходно и во иднина ќе се бори за унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани, во сите населени места

Треба да знаете
Последни објави