ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска…

Објавени се првите резултати од изборите одржани денеска во Хрватска. Хрватската демократска заедница (ХДЗ) освои 60, а Социјалдемократската партија (СДП) 42 мандати на парламентарните избори во Хрватска одржани вчера, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, по преброени 98 отсто од гласовите.

И ХДЗ и СДП најавија дека ќе почнат разговори за формирање на влада.

За формирање влада потребна е поддршка од најмалку 76 од вкупно 151 пратеник во Саборот.

Гласале 61,99 отсто од избирачите. Право на глас на изборите имаа околу 3,7 милиони луѓе, што е за 127.000 помалку од пред четири години.
Претходна вестЖена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит
Следна вестМЗТ загуби од Широки, но обезбеди полуфинале во АБА2 лигата