Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски, по натпреварот со Селтик ги искажа своите импресии од мечот, како и очекувањата од последните две кола во хрватскиот шампионат пред паузата.
Ристовски кажа дека е среќен за играта против Селтик, и вели дека во последните две кола во шампионатот во кои неговиот тим нема да се предаде.
„Задоволен сум, честитки за момците на вистинскиот пристап. Жал ми е што не успеавме да постигнеме гол, но игравме против сериозен противник. Многумина не отпишаа денеска, но драго ми е што и натаму сме живи, и тоа никој не може да ни го одземе. Дефинитивно енергија имавме, одигравме добар натпревар“, рече Ристовски и дополни.:
„Ни останаа уште две кола, и покрај сите проблеми, нема да се предадеме. Кога не понижуваат, отпишуваат, тогаш сме најсилни“, вели македонскиот интернационалец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА