📽 Спектакуларно слетување без предна опрема: Боинг 767 на Федекс мајсторски остана на пистата во Истанбул

од Илинка Илиоска

Товарен авион на „Боинг Федекс ерлајнс“ слета на аеродромот во Истанбул во средата без спуштена предна опрема за слетување и успеа да остане на пистата, соопшти турското Министерство за транспорт, додавајќи дека нема жртви.

Боингот 767, кој летал од аеродромот Шарл де Гол во Париз, ја известил контролната кула на аеродромот во Истанбул дека неговата опрема за слетување не е активирана и слетал со насоки од кулата, се вели во соопштението на Министерството. Спасувачките и противпожарните екипи на аеродромот ги направија неопходните подготовки на пистата пред слетувањето, а нема повредени, додаваат од Министерството, без да ја прецизираат причината за дефектот.

На видео снимката се гледаат искри и чад околу авионот додека предниот дел на авионот ја струга пистата пред да биде испрскан со противпожарна пена.

Пистата на која слета товарниот авион е привремено затворена за авиосообраќај, но сообраќајот на останатите писти на аеродромот се одвива без прекин, соопшти аеродромскиот оператор ИГА

Слични содржини