Џем од јагоди – првенчето ја „стопи“ Меган од среќа: Војвотката основаше свој бренд/ФОТО

1504

Новиот деловен потфат на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, многумина го споменуваат на социјалните мрежи, заедно со слики од тегла џем од јагоди.

Иако Меган сакаше да остане таинствена, на мрежите и меѓу инфлуенсерите се шират фотографии од џемот на новиот бренд American Riviera Orchard.

Модната дизајнерка Трејси Робинс објави слика од џемот на Инстаграм.

Во описот стои „17 од 50“, а тоа значи дека е седумнаесетта во редот луѓе кои треба да го добијат првиот производ на Меган, а ќе го добијат вкупно 50.

Минатиот месец на социјалните мрежи беше најавено доаѓањето на новиот лајфстајл бренд на Меган, со седиште во Калифорнија. Како што пишуваат странските медиуми, по сѐ изгледа ќе продава прехранбени производи.

Плановите на Меган Маркл и принцот Хари
Навестувањето за џем од јагоди од брендот American Riviera Orchard се вклопува во најновите планови на двојката.

Меган ќе започне шоу на Нетфликс кое ќе ги „слави радостите на готвењето и градинарството, забавата и пријателството“, јавува Би-би-си.

Принцот Хари ќе биде вклучен во уште еден потфат на Нетфликс кој ќе го прикаже светот на полото. Станува збор за спортска дисциплина со коњи.

Делфина Блакиер, мажена за пријателот на принцот Хари, Начо Фигуерас, кој игра поло, исто така објави слика од новиот џем, со наслов „10 од 50“.

Не е познато колку ќе чинат артиклите од лајфстајл брендот на Меган.

Посетителите на продавниците за подароци во кралските палати можат да добијат џем од јагоди во Бакингемската палата за 3,95 фунти или убав севилски мармалад од портокал во замокот Виндзор, исто така, за 3,95 фунти.