Шкендија го официјализираше Јан Вондра

Фудбалскиот прволига Шкендија постигна договор со левиот бек Јан Вондра, кој потпиша двегодишен договор со клубот од Тетово.

26-годишниот Јан Вондра игра на позицијата лев крилен дефанзивец. Вондра потекнува од Чешка каде неодамна играше за Бохеминс 1905 од Прага.

„Среќен сум што сум во Тетово и што сум дел од Шкендија. Мислам дека дојдов во црвено-црниот тим токму во вистински момент, пред натпреварите во европските натпреварувања. Се надевам дека од натпреварите во Конференциската лига ќе ги оправдам очекувањата, но нормално дека концентрацијата ќе биде и во новата натпреварувачка сезона каде верувам дека со Шкендија ќе атакуваме на титулата шампион на Македонија. Колку што дознав деновиве, Шкендија има многу квалитетна екипа со многу потенцијал и убеден сум дека заедно ќе постигнеме позитивни резултати како во европските натпреварувања така и во домашното првенство“, изјави Вондра веднаш по потпишувањето на договорот.

Се вчитува...