Поврзете се со нас

Англија

Мерсон го издвои најтешкиот меч за Арсенал до крајот на сезоната

Објавено

на

foto: twitter.com/Arsenal

Арсенал успеа да слави на жешкиот терен на градскиот ривал Тотенхем, победа од 3-2 со која „топчиите“ го задржаа првото место на табелата во Премиер лигата со тоа што треба да се напомене дека второпласираниот Манчестер Сити има еден бод помалку од нив, но и еден натпревар помалку што значи дека се зависи од нив.

Меѓутоа едно е кога допрва треба да одработите некој предизвик во споредба кога сте ја завршиле работата како што е случај со избраниците на Микел Артета.

Повеќе од јасно е дека не треба да се направи ниту еден кикс, а легендата на клубот Пол Мерсон кој беше убеден дека Арсенал ќе слави над Тотенхем смета дека најголем тест за екипата до крајот ќе биде соочувањето со Манчестер Јунајтед.

-Арсенал е подобар тим севкупно гледано (во споредба со Тотенхем). Не гледам ништо освен Арсенал да го стави Сити под притисок. Не верувам дека мечот со Тотенхем е најтежок до крајот, Мислам дека е Манчестер Јунајтед, се уште мислам дека е Јунајтед.

-Тие се појавуваат против Арсенал. Не знам што е, мора да ги прашате. Ама ретко кога Арсенал оди тама и игра добро. За мене тоа е нивниот најтежок меч, -порачал Мерсон пред дербито на северен Лондон.

Актуелниот лидер прво ќе го пречека Борнмут, па оди на „Олд Трафорд“ за да ја заврши кампањата дома со Евертон.

Сити пак ги има Вулверхемптон и Вест Хем на домашен терен, додека им гостува на Фулам и Тотенхем кој секогаш е незгоден и тежок за актуелниот првак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни