Вести Македонија Најважни

Правниците со нови дилеми, кој му дал на синот на Џафери изјава за стаж и нотарски заверена диплома?

Кој му дал на синот на Талат Џафери нотарски заверени копии од непостоечка диплома и изјава за стаж од најмалку една година за да полага правосуден испит? Ако ги немал овие документи, што се бараат со закон, а му било дозволено да полага, тогаш е направено кривично дело. Ова се дилемите кои денеска ги отвори правната фела откако од Антикорупциската комисија изразија сомнеж дека Барлет Џафери полагал правосуден испит додека уште не бил дипломиран, но тврдат не можат тоа да го потврдат затоа што во Министерството за правда не се чуваат документи постари од една година.

Професори, адвокати, но и граѓани што немаат никаква врска со правото, се зачудени од ова оправдување на антикорупционерите.

  • Зарем доказите нема да ги најдете:
  1. На соодветниот фалултет/универзитет во книгата на дипломирани.
  2. Во Академијата во евиденцијата за пријавени на Конкурсот за пријавување, потоа запишани. За ова треба да постојат десетина релевантни пишани траги.

И доста ви е ова за да се докаже евентуалниот криминал, и да се побара одговорност за СЕРИОЗНИ ЗЛОУПОТРЕБИ, напиша професорката Мимоза Ристова.

 

  • Дечки!Не учете и не полагајте правосуден испит. Сами испечатете си уверение! Само водете сметка да ставите датум постар од една година! напиша адвокатот Александар Тортевски.

Правниците се сомневаат дека поранешниот министер му одобрил предвремено полагање на Џафери, затоа што тогаш министрите имале дискрециони овластувања, а токму министерскиот потпис стои на уверението за положен правосуден испит. Но, тогашниот министер Аднан Јашари, во телефонски разговор ни рече дека, не знае ништо за случајот. Иако неговиот потпис стои на тие уверенија, ниту еден министер не е должен да ги проверува документите на кандидатите, а тоа не е работа ниту на комисијата пред која тие полагаат. Не се сеќава кој бил тогаш претседател на комисијата, ниту, пак, кои биле членови. Дел од тие лица повеќе ниту не работат во Правда, а сегашната комисија е составена од нови членови.

Антикорупционерите тврдат дека не можат да утврдат како синот на Џафери се стекнал со право за правосуден испит иако заклучиле дека, студиите со кои се стекнал со триста кредити ги завршил по положувањето на овој испит. Но, се изземаа од понатамошно постапување, затоа што се работи за предмет со постар датум, што не е зачуван во Министерството.

Од Правда, пак, тврдат дека документите на кандидатите односно барањата и другата придружна документација не се чуваат, но согласно  евиденционата тетратка за положени кандидати што се води и е од трајна вредност, лицето Барлет Џафери има положено правосуден испит на 05.02.2015 година.

Во меѓувреме, Џафери е веќе на Академијата за судии и јавни обвинители. Пред две години беше избран меѓу новите кандидати како 14-ти на генералната кандидатска листа, а прв на листата на нови слушатели од албанска националност. Веќе има запишано и докторат по право.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бајрами: Изборниот процес поминува без поголеми нарушувања

Дејан Дејан

Си Џипинг и Вучиќ потпишаа изјава за стратешко партнерство на земјите

Дејан Дејан

МВР: Изборниот ден тече мирно со регистрирани помали инциденти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе