• четврток, 16 мај 2024

Костадинов: Во Муртино се асфалтираат две улици, а обезбедени се и средства за изведба на атмосферска канализација

Костадинов: Во Муртино се асфалтираат две улици, а обезбедени се и средства за изведба на атмосферска канализација

Струмица, 29 април 2024 (МИА) - Во населеното место Муртино се асфалтираат две нови улици, а кога сме тука имам убава вест за граѓаните-обезбедивме 60 милиони денари или 1 милион евра од Министерството за животната средина и просторно планирање за изведба на атмосферска канализација со што решаваме голем проблем во ова село и тоа токму благодарение на одличната соработка меѓу локалната и централната власт, рече денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој беше на увид на асфалтирањето на улиците во Муртино.

Додаде дека денеска истовремено се работи и во селото Просениково, каде се реконструираат 2 улици.

-Утре продолжуваме во населеното место Банско каде што ќе се асфалтираат 3 нови улици и една ќе се бетонира, посочи струмичкиот градоначалник.

Како што изјави Костадинов, во рамки на оваа градежна офанзива, а според општинската програма за оваа буџетска година ќе се работи на вкупно 30 улици во сите населени места, од кои 18 ќе се асфалтираат, а останатите ќе се бетонираат и тампонираат. рт/цр

Фото:Општина Струмица

Остани поврзан