Пет европски пресметки носат вкупна квота над 60

Пет меча кои се комбинација од Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА се дел од денешните Квоти на денот, а ако ги одиграте заедно, ќе добиете вкупен коефициент од 62.79.

Фиорентина е фаворит за победа над П’лзењ во меч на кој ќе има од два до четири погодоци, што носи квота од 2.20.

Лил и Астон вила треба да одиграат натпревар со погодоци и тоа барем еден во првиот дел и најмалку три гола до крајот на 90-те минути. Оваа комбинација се вреднува со 2.05.

Баер Леверкузен е докажан како еден од најефикасните тимови сезонава, па затоа играта на голови најчесто е добитна. Овојпат Фармацевтите гостуваат кај Вест хем, а играта е Баер да постигне најмалку два гола, но и домаќините барем еднаш да ја затресат мрежата на ривалот.

Рома на свој терен игра против Милан и не треба да загуби во дуел на кој двете екипи треба да постигнат барем по еден погодок, што носи квота од 2.60.

Ливерпул ќе гостува кај Аталанта и тука опцијата е англискиот гигант да постигне барем по еден гол во двете полувремиња, што носи коефициент од 2.10.

- Оглас -

Најнови вести