„NEWSMAX“: Mицкоски демонстрираше длабока решеност да ја придвижи Mакедонија кон позитивна промена

„NEWSMAX“: Mицкоски демонстрираше длабока решеност да ја придвижи Mакедонија кон позитивна промена

„Стабилен балкан значи стабилна Европа“. Вака е насловена политичката анализа објавена на „Newsmax“.com

Во неа, дел е посветен и за Македонија, особено за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, демонстрираше длабока решеност да ја придвижи Македонија кон позитивна промена. Визијата на мицкоски е робусно владеење, ослободено од оковите на корупцијата и насочено кон економска ревитализација преку странски инвестиции, се наведува во текстот.

„Освен тоа, неговата посветеност на исполнување на обврските кон нато и забрзување на пристапувањето во еу зборува за длабоко разбирање на стратешките императиви на Македонија“ – се наведува во текстот.

Автор на овој текст е пензионираниот полковник Вес Мартин, кој служел на позиции за спроведување на законот ширум светот и има низа значајни признанија во меѓународна политика и бизнис.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста