Шпанија
Белингам испрати порака од церемонијата во Мадрид: Не сум перфектен
Џуд Белингам остави зад себе неверојатни седум дена и се врати во посакувана форма во вистинско време, бидејќи најпрво со своите соиграчи го елиминираше Манчестер Сити, за во неделата да биде херој за победа на „Ел Класико“.
За да биде уште подобро, Џуд новата седмица ја започна со „Лауреус“ награда за најголемо спортско откровение во 2023-та година, а тоа било нова добра прилика да се обрати пред присутните спортски ѕвезди во шпанската престолнина.
Иако има само 20 години, многумина веќе гледаат на Џуд како пример за еден голем професионалец, но самиот Англичанец е прилично скромен и вели дека се уште има многу за учење.
– Ова беше луда недела за мене и сега сум многу измонрен. Потребен ми е мал одмор пред новите предизвици кои следат. Горд сум што ја добив оваа награда, се надевам дека ќе освојам уште трофеи до крајот на сезоната. Најпрво со Реал, а потоа и со Англија.
– Важно е за нас спортистите да бидеме дел од вакви настани, уште подобро е кога победуваме, но пред се треба да бидеме одговорни. Пред мене се уште е многу работа и многу вложен напор. Знам дека имам одговорност пред новите генерации кои ме гледаат, но исто така знам дека не сум перфектен и дека ќе правам грешки. Како и да е, се обидувам да бидам подобра верзија од себе секој нареден ден, – изјави Белингам.
-
НБАпред 18 часа
Брансон како Џордан и Леброн, познато е првото полуфинале на Истокот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 16 часа
Левандовски: Барселона е најголемиот клуб на светот, горд сум…
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг излезе со коментар за неверојатното издание на Санчо во полуфиналето во ЛШ
-
Светпред 13 часа
Гомез за „билдерот“ Озил: Не знам која е неговата цел (ФОТО)
-
Германијапред 17 часа
Алонсо: Одигравме интелегентно и зрело, ама…
-
Англијапред 19 часа
Покетино испрати загрижувачка порака за својата иднина по победата над Тотенхем
-
Италијапред 14 часа
Ултрасите нема да навиваат за Милан на мечот против Џенова
-
Светпред 17 часа
Големо име: Уште еден добар пријател на Меси може да се пресели во Интер Мајами