Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: тројца дилери, сите на возраст од 24 години, уапсени на Широк Сокак, 91 казна за брзо возење

На 24.11.2022 на ул. „Широк сокак“ во Битола, полициски службеници од Полициска станица Битола лишиле од слобода три лица, сите на возраст од 24 години, сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на вчерашниот ден (24.11.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 91 возачи. Од нив 55 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 36 возачи надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

 

More from ВестиMore posts in Вести »