Анализа: Каков здравствен систем затекнаа македонските граѓани и како започна процесот со подобрување на условите во повеќе од 45 здравствени установи?

Една од главните задачи на секој министер за здравство е како да го зајакне јавно-здравствениот систем, како и да го намали незадоволството на граѓаните од лошиот квалитет на давање здравствена заштита, но и како да го мотивира медицинскиот персонал да остане во државното наместо да заминува во приватното здравство.

Македонските граѓани долги години се соочуваа со комплетно урнисан здравствен систем. Девастирани услови во болниците, ѕидови кои се луштат, нефункционални тоалети, глувци кои слободно шетаат низ установите, понижени здравствени работници, пациенти кои молат за лек беа секојдневните слики со кои сите ние се соочувавме.

Здравството кое важи за еден од трите главни столба имаше итна потреба од негова рехабилитација. Со именувањето на д-р Венко Филипче за прв човек во јавното здравство полека, но сигурно почнаа да се движат работите на подобро во здравствениот сектор.

Во тоа време се направија значајни чекори со што се унапреди здравствената заштита за пациентите. Здравствените власти неуморно работеа за системско решавање на проблемите и зајакнување на здравството. Подобрувањето на условите во здравствените домови, болници и клиники беше една од главните заложби.

Во период од четири години се подобрија условите во повеќе од 45 јавно-здравствени установи. Се реконструираа голем број на клиники, одделенија, служби.

Клиниките за пластична и реконструктивна хирургија, за неврохирургија и за хематологија беа целосно реновирани. Се подобрија условите и во Клиниките за гастроентерохепатологија, за очни болести, за ендокринологија, за торакална и васкуларна хирургија, како и за нефрологија.

Службите за итна медицинска помош во Велес, Битола и Македонски брод добија комплетно нов лик. Во Општата болница во Куманово се отвори нов Ургентен центар, а во Психијатриската болница-Негорци од темел беше изградено ново одделение. Во 63 години, изграден беше нов машки павилјон во Психијатриската болница во Демир Хисар.

По 4 децении, реновирани беа двете гинеколошки операциони сали во Специјалната болница по гинекологија и акушерство Мајка Тереза-Чаир, а исто така после пет децении целосно се реновираше објектот на специјалистичко-консултативниот оддел на Институт за трансфузиона медицинa. Комплетно беа реновирани вакциналните пунктови во Поликлиниките Чаир и Ѓорче Петров.

Особено големо внимание привлече отворањето на првата „Родителска куќа“ во земјава. Станува збор за привремена куќа за родители чии деца се на подолг престој во болница, а не се од градот Скопје.

Овие родители долги години се соочува со низа проблеми, тие беа приморани да минуваат голгота со спиење во автомобилите на паркингот во Клинички центар или пак во изнајмени станови што креираше дополнителен трошок покрај лекувањето на децата. Без разлика дали станува збор за летен или зимски период, родителите се мачеа двојно. Но, овој проблем беше надминат во мандатот на д-р Филипче кој изнајде решение за да им помогне на родителите.

Во 2019 година се отвори „Родителската куќа“ со што се помогна на многу родители од внатрешноста да имаат привремен топол дом. Покрај можностите за престој со обезбеден појадок, на родителите тука им беше овозможена и психолошка поддршка со цел полесно пребродување на тешките моменти.

Во неговиот мандат се направија најголемите инвестиции во инфраструктурата.

Back to top button
Close