Вести Избори 2024 Македонија

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

На дебатата на претседателските кандидати на ТВ Телма, едно од прашањата беше и за употребата на името Република Северна Македонија. Силјановска тврди дека нема да го употребува ни во меѓународни настапи, додека Пендаровски вели дека едно е приватен став, а друго е дипломатско претставување на државата.

-Северна -нема, ќе употребувам само Македонија и никогаш нема да создадам конфузија бидејќи нема да правам дистинкција меѓу Република Јужна Македонија. Таква нема, тврди Силановска.

ТЕЛМА: Чекајте сега, да се разбереме, и во меѓународните настапи и во контактите.

Силјановска: Јас ќе зборувам Македонија,македонски, македонско.

ТЕЛМА: Да.  Употребата на Република Македонија. А не Северна?

Силјановска: Нека си. Стои. Република Северна Македонија нека стои пред мене. Додека на тоа поинаков начин. Меѓутоа јас кажувам, за мене тоа прашање никогаш нема да биде затворено.

-Вие ако сте претседател, Вие имате право на личен став. Да кажувате, вечна Македонија, Македонија засекогаш, каква сакате Македонија, кога ќе бидете во приватно својство во семејството. Невозможно е да бидете Вие на говорница на Обединети Нации, да бидете во НАТО, бидејќи сме членка таму, да одите во Европска Унија бидејќи сме кандидат кој преговара,  во Совет на Европа, било каде. Значи како експерт Вие можете што сакате вербално да кажете. Не можете, нема да Ви дозволат. Грција, прво ќе прати нота било кој друг, некој ќе прати нота. Тоа значи блокада и таму и исфрање од НАТО како организација каде што едвај влеговме и кој ни е многу значаен. Впрочем и противкандидатката го пишува тоа во нејзината програма, рече Пендаровски во дебатата на ТВ Телма.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Благодарност од Лога до турските власти за екстрадицијата на Палчо

Дејан Дејан

Aмерика го предупреди Рајфајзен поради соработката со Русија

Дејан Дејан

(ФОТО) Палевски пристигна во Истражниот затвор Шутка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе