Бизнис

ПЛАНТАЖИТЕ НА КАКАО СО БОГАТ РОД, но цените на чоколадото останува иста

19.08.2024

Главните производители на какао во западна Африка Гана и Брегот на Слоновата Коска најавија дека бербата на годинава ќе биде подобра од претходната сезона, но тоа нема да влијае на намалување на цената на чоколадото на светските пазари.

Проблемите со кои се соочуваат одгледувачите не се надминати, што значи дека цената на какаото ќе биде на нивото од минатата година, кога достигна максимално ниво.

Аналитичарите на агенцијата Фич солушнс предвидува дека двомесечните фјучерси  за какаото во просек изнесуваат 7.000 долари по тон во 2024 година. Ова е помалку во споредба со минатогодишната прогноза од 11.000 долари по тон.

- Не гледаме потенцијал за голем суфицит на пазарите. Може многу работи да се случат во наредните месеци, смета аналитичарот Стив Вотериџ.

Гана и Брегот на Слоновата Коска не дозволуваат странски инвестиции во производството на какао со што би се поттиканало поголемо производство. Двете земји ја контролираат половина од глобалната понуда на какаото, пренесува Б92.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО