Англичаните тврдат, Драган Стојковиќ – Пикси е најлошиот селектор на ЕУРО 2024

by Fokus

Останува само нешто повеќе од еден месец до стартот на Европското првенство каде за првпат по 24 години ќе се најде и репрезентацијата на соседна Србија.

По тој повод, престижниот фудбалски магазин од Англија „Four Four Two“ по квалитет ги рангираше селекторите на сите 24 национални селекции, а интересно е што на последното место се најде српскиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси.

Магазинот не го образложи својот избор, па под името на српскиот тренер накратко ја опиша играчката и тренерската кариера на Пикси

Што се однесува до ривалите на Србија во групата, селекторот на Словенија – Матјаж Кек го зазеде 20-то место, селекторот на Данска – Каспер Хамланд на 10-то, а селекторот на Англија – Герет Саутгејт го зазеде четвртото место.

Најдобар тренер, според изборот „Four Four Two“ е францускиот селектор Дидие Десан, на второ место е Италијанецот – Лучијано Спалети, а зад него е Германецот Јулијан Нагелсман, додека хрватскиот селектор Златко Далиќ е петти.

Поврзани новости