Горан Богдан насмеа многу следбеници со својата честитка за Денот на жената

Актерот Горан Богдан на интересен начин им го честиташе Денот на жената на своите следбеници на Инстаграм.

Тој објави фотографија на која позира во бањарка и носи црвен кармин.

„Среќен 8-ми Март. Ќе ни треба“, напиша тој.

Фотографијата ги насмеа неговите следбеници. „Најдуховитата честитка што сум ја видел“, „Ти си најубава“, „Така прават вистинските мажи“, „Оригинално“, му напишале жените во коментарите.

Богдан во неколку наврати јавно ги поддржуваше жените.

Минатиот ноември, Иде Престер ја објави песната Штит, која ја сними како дел од кампањата против насилството врз жените. Во видеото се појави и Горан Богдан.

Scroll to Top