Американците го соборија рекордот на „шопингување“ на „Блек фрајдеј“

За време на овогодинешниот „црн петок“ американските граѓани потрошиле рекордни 9,12 милијарди долари, исклучиво на онлајн купување, покажуваат податоците на компанијата Adobe.

Онлајн трошењето се зголеми за 2,3 отсто тој ден, пред се благодарение на потрошувачите кои чекаат попусти, соопшти филијалата на компанијата, „Adobe Analytics“.

Самата „Adobe Analytics“, која ја мери е-трговијата со анализирање на трансакциите на веб-локациите, има пристап до податоците кои ги покриваат купувањата на 85 од 100-те најдобри онлајн трговци на мало во САД.

Пред тоа, се предвидуваше дека продажбата на црниот петок ќе порасне за скромни 1 процент.

Но, за разлика од претходните години, продавниците забележаа помалку директни купувачи и турканици карактеристични за овој ден.