Во Србија пронајдена девојка која во март била пријавена за исчезната

by fokus

Тијана Симиќ, која била пријавена за исчезната на 13 март оваа година, и последен пат била видена на Карабурма во Белград, е пронајдена повеќе од еден месец од нејзиното исчезнување.

Засега не се познати детали, а среќните вести ги објави нејзината сестра на „Твитер“.

„Тијана ја пронајдовме, ви благодарам на сите за помошта“, напиша таа.

Семејството на Тијана молеше за помош или било каква информација за неа, и после повеќе од еден месец е пронајдена.

Поврзани новости