еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

УНИ Банка со зголемени приходи во првите три месеци

Во првите три месеци од годинава, УНИ Банка АД Скопје остварила вкупни приходи од 577,1 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 17.5%, соопшти Банката преку Македонската берза.

-Најголем придонес во остварувањето на  позитивен финансиски резултат во износ од 85,9 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 65.6% имаат приходите од камати, кои во споредба со истиот период  од 2023 година се зголемени за 18.2%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население.

Остварените расходи заклучно со првиот квартал од 2024 година изнесуваат 491,2 милиони денари и бележат зголемување од 36.9% во однос на истиот период од 2023 година.

Зголемувањето на расходите се должи, пред се, на поголемиот износ на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити, како и  зголемувањето на административните расходи, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се Владислав Хаџидинев и Милка Тодорова кои се реизбрани за членови на УО на УНИ Банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починатото бебе од Прилеп имало бактерија Ешерихија коли во дишните патишта

Редакција

(Фото) Кои се најуспешните претприемачи за годинава што изминува

Редакција

Убава вест: Оздравени нови 11 пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 1.705

Редакција